Elena Teslova
10 Април 2025•Ажурирај: 10 Април 2025
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги негираше тврдењата на украинскиот претседател Владимир Зеленски за наводната вмешаност на Кина во конфликтот во Украина, јавува Анадолу.
Коментирајќи ја изјавата на Зеленски за заробување на двајца кинески војници во борбената зона, на прес-конференцијата во Москва Песков рече дека Пекинг одржува „урамнотежена позиција“.
„Тоа не е вистина“, рече Песков, одговарајќи на новинарското прашање дали кинески војници се борат на страната на Русија.
„Кина има урамнотежена позиција. Таа е наш стратешки партнер, пријател и сојузник. Кина секогаш имала многу, многу урамнотежен став. Затоа, Зеленски греши“, изјави Песков.
Претходно, Зеленски во вторникот изјави дека присуството на кинески војници на бојното поле претставува доказ дека Пекинг се вклучил во конфликтот на страната на Русија.