Emre Gürkan Abay
07 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
МОСКВА
Русија не е подготвена да го признае биткоинот како систем на плаќање, порача портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, наведувајќи дека изедначувањето на таквите парцијални валути со финансиските инструменти би му штетело на економскиот систем, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков на прес-конференцијата во Москва зборуваше за одлуката на власта во Ел Салвадор, со која во таа држава криптовалутата биткоин започнува да се користи како легална валута.
Истакнувајќи дека Русија сè уште не е подготвена на таков чекор, Песков изјави:
„Јасно е дека Русија не е подготвена за такви чекори. Засега нема ниту најмала причина за такви чекори.“
Тврдејќи дека криптовалутите не треба да ги изедначуваат со традиционалните финансиски инструменти, Песков додаде:
„Поврзувањето на такви парцијални валути со финансиските инструменти само ќе му наштети на економскиот систем.“