Emre Gürkan Abay
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Централната банка на Русија во извештај посочи дека крипто парите претставуваат висок ризик за пазарот, истакнувајќи: „Крипто парите можат да предизвикаат сериозни загуби кај потрошувачите”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен од страна на Централната банка на Русија под наслов „Извештај за финансиска стабилност“, се посочува дека постои ризик крипто парите да бидат користени за перење пари и за финансирање терористички организации.
Во извештајот се истакнува дека крипто парите претставуваат висок ризик за пазарот, додавајќи: „Поради балоните на овие пазари, потрошувачите можат да претрпат големи загуби. Должност на националните и на меѓународните регулатори е да развијат еден координиран пристап за регулацијата на крипто парите на пазарите, или за намалување на ризиците на најмало ниво кај инвестициите со висок ризик, ограничувајќи го потенцијалот на трансакциите.
Министер за финансии на Русија, Антон Силуанов, пред извесно време изјави дека е потребно да се користат крипто парите, но препорача нивно обезбедување под државна контрола.