Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Кремљ се согласува со изјавата на Трамп дека САД ѝ предизвикале на Русија „само неволја“

Песков истакна дека најдобриот придонес на САД кон мирот би бил да престанат да ја финансираат Украина
Alperen Aktaş
04 Март 2025•Ажурирано: 05 Март 2025
Кремљ се согласува со изјавата на Трамп дека САД ѝ предизвикале на Русија „само неволја“

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ се согласува со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ѝ предизвикале на Русија „само неволја“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, јавува Анадолу.

Зборувајќи пред новинарите во Москва, Песков нагласи дека евентуалното запирање на американската воена помош за Украина би можело да го охрабри Киев да се насочи кон мировен процес.

„Сите добро се сеќаваат дека за време на претходниот мандат на Трамп беа воведени многу санкции и започна испораката на оружје за Украина. Тоа навистина се случи и, во тој контекст, може само да се согласиме“, рече Песков, коментирајќи ги последните изјави на Трамп.

Трамп, зборувајќи на настан во Вашингтон, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би потврдил дека ситуацијата „не била добра“ за Русија.

„Факт е дека сакам само правичност. Но, размислете, не ѝ дадов ништо на Русија освен неволја. Ѝ дадов санкции и проектили ‘Џавелин’. Тоа е сè што им дадов“, рече Трамп.

Песков истакна дека најдобриот придонес на САД кон мирот би бил да престанат да ја финансираат Украина.

Тој додаде дека Москва ги поздравува сите напори за решавање на конфликтот, вклучително и иницијативите од Белорусија.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко го разгледуваат украинското прашање при секоја нивна средба, а неодамна разговарале и телефонски во пресрет на посетата на Лукашенко на Русија.


related_topics:
САДРусијаДоналд ТрампДмитриј Песков
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Фон дер Лајен го претстави планoт „Повторно вооружување на Европа“ вреден 800 милијарди евра

Фон дер Лајен го претстави планoт „Повторно вооружување на Европа“ вреден 800 милијарди евра

Следно

САД ја паузираат воената помош за Украина

САД ја паузираат воената помош за Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на АА го сними домот во Иран што по американскиот напад од место на веселба се претвори во место на жалост

Турската ХАВЕЛСАН и египетската АОИ потпишаа договор за продажба на заеднички развиениот дрон ХАМЗА-1

Август 2026 година израмни рекорд: Најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ

Турскиот министер за технологија: Турција има цел да стане водечки центар во ерата на вештачката интелигенција

Медведев: Нуклеарната доктрина не е само навестување, Русија има полно право да одговори на сериозните закани

Германија: НАТО мора да го зголеми производството на оружје за ефикасно одвраќање на Русија

Најмалку 20 загинати, петмина исчезнати во пожар на товарен брод во Кина

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

"Black Friday" во САД: Убиени три лица

"Black Friday" во САД: Убиени три лица

ЕУ И САД согласни: Посредникот во трговијата со нафта помеѓу ДАЕШ и Асад е сириски бизнисмен

ЕУ И САД согласни: Посредникот во трговијата со нафта помеѓу ДАЕШ и Асад е сириски бизнисмен

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Во Пенсилванија покрената тужба против Фетулах Ѓулен поради кршење на човековите права

Во Пенсилванија покрената тужба против Фетулах Ѓулен поради кршење на човековите права

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Авион со 133 патници излета од пистата во САД: Повредени осум лица

Авион со 133 патници излета од пистата во САД: Повредени осум лица

Обама за најважните случувања во 2015: На прво место го стави американскиот народ

Обама за најважните случувања во 2015: На прво место го стави американскиот народ

САД: По смртен случај центарот прекинува со трансплантација на бубрези од жив донатор

САД: По смртен случај центарот прекинува со трансплантација на бубрези од жив донатор