Sayed Khodaberdi Sadat
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Во источниот дел на Авганистан, во покраината Кунар, снежна лавина одзеде 10 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерот на Кунар за АА изјави дека во местото Чапа Дере, интензивните врнежи од снег предизвикале лавина.
Портпаролот соопшти дека во лавината животот го загубија 10 лица, од кои 5 деца, а едно лице е повредено.