Şerife Çetin
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Норвешкиот министер за одбрана Франк Баке Јенсен упати извинување на Турција поради скандал на НАТО вежбата „Тридент Јавелин" во неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Таквата порака не претставува став и политика на Норвешка и лично се извинувам за содржината на пораката", се наведува во соопштението кое го упати министерот Баке-Јансен.
Норвешкиот министер нагласи дека Турција е „важен сојузник на НАТО" додавајќи дека Норвешка длабоко ја цени соработката со таа земја.
„Норвешкиот државјанин е отстанет од вежбата по инцидентот. Ќе спроведеме опсежна истрага за инцидентот и ќе преземеме соодветни мерки врз основа на резултатите", рече Баке-Јансен.
Од друга страна, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по втор пат упати извинување на Турција поради случувањата на вежбата „Тридент Јавелин" во Норвешка. Столтенберг во текот на состанокот на Халифакс меѓународниот безбедносен форум во Канада на началникот на Генералштабот на турската војска Хулуси Акар му упати „отворено извинување."
На барање на генералниот секретар на НАТО на маргините на форумот е одржан состанок на двајцата челници, во текот на кој Столтенберг по втор пат упатил изивнување на Турција поради случувањата на НАТО вежбата во Норвешка.
Норвешките офицери кои во текот на НАТО вежбата, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и првиот претседател на Турција Мустафа Кемал Ататурк ги прикажаа непријателски, разрешени се од должност.