Mustafa Melih Ahıshalı
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на иранското Собрание, Али Лариџани, изјави дека САД не ја постигнале посакуваната цел во Иран со „создавање внатрешен хаос“ и „забрана за продавање нафта“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција на иранското Собрание (ICANA), претседателот на иранскиот Парламент, Лариџани, на средбите во Техеран со гувернерите на подрачјата на Керманшах, Хамадан, Лорестан, Илам и Хузестан од западниот дел на земјата, за цел ги имаше САД.
Лариџани во своето обраќање рече „САД со насилните притисоци врз Иран планираа да дојде до револуција во земјата, што би било во нивна корист, но засега не успеаја да го постигнат тоа.Нивниот притисок е вистински, меѓутоа, не успеаја да го спроведат тоа во живот, вклучувајќи ги и паролите „забрана за продавање нафта“.
Претседателот на иранскиот Парламент истакна дека ослободувањето од американскиот притисок ќе биде возможно доколку се отвори пат за приватниот сектор, ако се користат внатрешните динамики.