Ekipa
10 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
БЕЈРУТ (АА) - На протестите во Либан, поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел, дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
На протестите пред амбасадата на САД во Бејрут демонстрираа Либанци и Палестинци. Притоа група демонстранти ги проби полициските барикади и се обиде да влезе во зградата.
Либанската полиција користеше водени топови и солзавец, а откако демонстрантите ја пробија барикадата, полицијата ги растера со палки. Демонстрантите возвратија со фрлање камења, а во интервенцијата на безбедносните сили повредени се неколку лица.
На протестите се запалени знамиња на САД и на Израел; демонстрантите извикуваа слогани „ Кудс им припаѓа на муслиманите“, „Пак ќе се вратиме во Палестина“, „Ги осудуваме САД и Израел“, „Не го прифаќаме Кудс за главен град на Израел“.
Тензиите пред амбасадата и понатаму траат, а демонстрантите ги запалија гумите и се обидуваат да ги пробијат барикадите на безбедносните сили.
Американската амбасада во Бејрут во петокот ги повика своите државјани да се држат подалеку од местата на кои доаѓа до протести.