Ekipa
23 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 9 лица загинаа во обновените вооружени судири вчера меѓу либиските воени групи во главниот либиски град Триполи, се соопштува утринава од Министерството за здравство во Триполи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Бројот на загинати лица во судирите во Триполи од 26 август се зголеми на 115, 383 се повредени, а 17 се водат за исчезнати“, се вели од Министерството.
Од утринава нестабилен мир владее низ градот.
Насилството прво изби откако либиската Седма пешадиска бригада (поврзана со Министерството за одбрана) ја обвини Револуционерната бригада на Триполи (поврзана со Министерството за внатрешни работи) за напаѓање на нејзините позиции во јужната периферија на градот.
Според Министерството за здравство во Триполи, во судирите во четвртокот загинале 11 лица, вклучувајќи 5 цивили, а 33 биле повредени.
На 4 септември, Мисијата за поддршка на ОН во Либија (UNSMIL) прогласи прекин на огнот, отккако десетици лица загинаа во главниот град.
По шест дена, сепак, судирите продолжија по вооружениот напад врз седиштето на либиската Национална нафтена корпорација.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога беше соборен од власт и убиен дотогашниот лидер Муамер Гадафи. Оттогаш со земјата управуваат паралелни влади со седиште во Триполи и Тобрук, кои имаат одделни парламенти и оружени сили.