Aydoğan Kalabalık
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Во ракетен напад на Триполи, кој го изврши милицијата лојална на лидерот на нелегитимните сили на источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, загина еден, а ранети се петмина цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кабинетот за прва помош и вонредни ситуации при либиското Министерство за здравство, Осама Али, соопшти дека припадниците на милицијата на Хафтар извршиле ракетен напад на Ел Хадб, подрачје во јужниот дел на Триполи.
Али изјави дека во нападот загинала жена, а петмина цивили се ранети.
Хафтар, на кој либиската војска во последно време му задава се поинтензивни удари, продолжува да извршува напади врз населбите во Триполи. Во нападите кои припадниците на милицијата на Хафтар ги извршија во правата недела од овој месец врз населбие во Триполи загинаа 15 цивили, а повеќе од 30 се ранети.