Aydoğan Kalabalık
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Две лица загинаа во ракетен напад врз аеродромот „Митига“ во либискиот главен град Триполи, извршен од страна на мицилијата на водачот на илегалните вооружени сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на прес-службата на операцијата „Вулканот на гневот“ при Владата на национално единство на Либија, која е признаена од страна на Обединетите нации (ОН), како резултат на ракетите лансирани врз овој аеродром смртно настрадале двајца странци што работеле тука.
Во соопштението се нагласува дека во нападот било повреден и едно лице либиски државјанин.
Ракетите што паднаа во населените места во околината на аеродромот „Митига“ предизвикаа голема штета.
Во соопштението не се дадени детали во врска со потеклото на загинатите странци.