Michael Sercan Daventry
11 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ЛОНДОН (АА) - Една од двете кандидатки во трката за наследник на премиерот Дејвид Камерон, денес објави дека се повлекува, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за енергетика, Андреа Лидсом изјави дека се повлекува бидејќи, по одлуката на Британија да ја напушти Европската Унија, на земјата ѝ е потребен нов премиер „колку што е можно поскоро”.
„Кампањата што траеше девет недели, во ваков критичен момент за нашата држава е нешто многу непожелно”, изјави таа за новинарите собрани пред нејзиниот дом во централен Лондон.
Лидсом, за која се очекуваше да го помине летото обидувајќи се да ги убеди членовите на владејачката Козервативна партија да ја одберат неа, ја поддржа својата ривалка во трката, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј.