Tayfun Salcı
21 ноември 2015•Ажурирај: 23 ноември 2015
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон во врска со предлог - резолуцијата за борба против терористичката организација ДАЕШ, а кој беше усвоен од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), изјави дека светот е обединет против ДАЕШ, пренесува Anadolu Agency (АА) .
" Ова е важен момент. Светот денеска се обедини против Даеш. Меѓународната заедница се сретна и одлучи да го победи оваа зло што се заканува на луѓето од сите вери и земји", рече Камерон.
Решението се однесува на зајакнување на заедничкаta борба против
терористичката организација Даеш.
Резолуција настана веднаш после терористичките напади во Париз, а ги повикува сите држави да ги преземат сите неопходни мерки за отстранување на ДАЕШ засолништата во Сирија и Ирак.
Камерон додаде дека Велика Британија ќе продолжи да ги поддржува своите сојузници кои се борат против Даеш.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд, истакна дека Советот покажа единство со цел да се уништи Даеш. Хамонд смета дека е потребно да се пресечат каналите кои им обезбедуваат финансиска помош на терористичка организација, а истовремено да се спречи регрутирањето на нови членови.