Ekip
20 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
ЛОНДОН (АА) - Лондонскиот нов метро сервис кој ќе работи по цела ноќ, започна со работа денес, а планирано е секој викенд да се справи со 50.000 патници, јавува Anadolu Agency (AA).
Садик Кан, градоначалникот на Лондон, денес во раните утрински часови се качи на првото ноќно возење на станицата Викторија, при што разговараше со патниците и така го обележа движењето на ноќниот сервис.
Лондон веќе може да се пофали со многу богат ноќен живот кој привлекува милиони луѓе. Меѓутоа, почетокот на новата метро услуга ќе им биде добредојдена и на докторите, пекарите, чистачите и другите кои работат ноќни смени.
Полицијата вели дека ќе биде во состојба да ги држи „ноќните птици” под контрола.
„Некој кој испил многу во 23 часот не се разликува многу од некој кој многу испил во три часот изутрина, вели Пол Краутер”, началникот на британската сообраќајна полиција.