Halil İbrahim Başer
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Речиси 400.000 лица во Алепо чекаат хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на турската хуманитарна организација ИХХ, Булент Јилдирим, изјави дека Алепо често претставува мета на воздушни и други напади. Тој потсети дека во Алепо голем број на зградите е срушен и дека поради недоволна опрема, извлекувањето на луѓето од урнатините е додатно отежнато. Покрај тоа, недоволен е и бројот на возилата на итна помош, а ниту болниците не се доволно опремени за лекување на пациентите.
Според неговите зборови, ИХХ продолжува да доставува помош во Алепо.
„Во првата фаза однесовме пакети со брашно, зеленчук, овошје и друга храна. Во Алепо имавме фабрики за производство на леб со кои доставувавме брашно. На нив не им треба само храна, им треба се. Луѓето навистина страдаат. Требаат работни машини за чистење. Авионите немилосрдно бомбардираат, но и покрај тоа таму имаме екипи за спасување. На Алепо навистина му треба помош ”, истакна Јилдирим.
Јилдирим додаде дека на околу 400,000 лица во Алепо им треба дневна помош.
„Во Алепо треба да доставиме помеѓу 100 и 150 илјади лебови. Започнавме кампања. Во првата фаза ќе однесеме 300 камиони брашно. Настојуваме на секој од 400.000 лица да доставиме пакет со храна. Тоа значи, во просек да достигнеме до 100,000 семејства” , изјави тој истакнувајќи дека еден дел од пакетите е спремен, но дека сеуште не е доволно.
Потребни се материјали за деца, како и помош во лековите за болните луѓе кои секој ден се се повеќе.
Со доаѓањето на Курбан бајрам, од ИХХ очекуваат додатна помош од луѓето кои имаат волја да донираат за населението во Алепо.