Ekip
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
МАДРИД (AA) – Неколку илјади Шпанци, на собирот кој го организираа маргиналните крајни десничарски организации, протестираат во Мадрид против Владата под водство на социјалистите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа денес (сабота) пред Парламентот на Шпанија, а многумина од нив го држеа или актуелното шпанско знаме или претходното од периодот на диктаторот, генералот Францис Франко.
Собраната маса извикуваше пароли против премиерот Педро Санчез, нарекувајќи го сепаратист, поради спремноста да се состане со лидерите кои се борат за независност на Каталонија.
На протестите не присуствуваше ниту еден член на некоја од водечките политички партии во Шпанија.
Санчез ја презеде власта на почетокот од оваа година, откако на премиерот Мариано Рахој му беше изгласана недоверба во Парламентот, што следуваше по корупцискиот скандал во кој беше вклучена неговата конзервативна Народна партија. Каталонските сепаратисти, кои се членови на Парламентот на Шпанија, со своите гласови придонесоа за падот на Рахој.