İdiris Okuduci
02 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон во ирачкиот главнен град Багдад, каде што престојува во официјална посета, рече дека пред Ирак има два важни предизвици, тероризмот и странските интервенции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Макрон по средбите во Либан пристигна во Багдад, каде што беше пречекан од ирачкиот претседател Берхем Салих.
Салих и Макрон по средбата одржаа заедничка прес-конференција.
Наведувајќи дека разговарале за заедничките прашања меѓу Франција и Ирак, Салих рече:
„На средбата имав можност да ги истакнам билатералните односи меѓу Франција и Ирак. Двете земји имаат долги историски и добри односи. Се надеваме дека овие односи ќе се зајакнат за да се изгради вистинска заедничка стратегија.“
Салих истакна дека на состанокот разговарале и за безбедносните случувања во регионот, како и дека е упатена благодарност до Франција за поддршката што ја дава на Ирак во борбата против тероризмот.

Наведувајќи дека Ирак постигнал значителен успех во борбата против тероризмот и дека тоа го постигнал со поддршка на меѓународните коалициски сили, вклучително и Франција, Салих рече дека борбата против тероризмот треба да продолжи и дека за тоа е потребна меѓународна солидарност.
Подвлече дека регионот страда многу од конфликти, проблеми и разни кризи. „Овој регион веќе треба да биде безбедно и стабилно место. За тоа, Ирак треба да биде силна и суверена земја. Ирак треба да има балансирани односи со соседните земји и меѓународното општество. Ирак не треба да стане место каде ќе војуваат други. Очекуваме другите да ја почитуваат безбедноста и стабилноста на Ирак. Во истовреме, треба да се спречи мешањето во ирачките внатрешни работи.“
- „Странските интервенции можат да го ослабнат Ирак и неговите интереси“ -
Францускиот претседател Макрон истакна дека во Багдад е дојден за да ја пренесе пријателската поддршката на францускиот народ и владата и нагласи: „Ирак се години поминува низ еден процес во кој справува со одредени тешкотии. Ирак минува низ чувствителен и историски процес поради тероризмот и конфликтите, и знам дека се свесни за тоа.“
Подвлекувајќи дека борбата против терористичката организација ДЕАШ не е завршена, францускиот претседател додаде: „Во регионот сè уште има милитанти на ДЕАШ. Тие се присутни и на ирачка територија.“
Макрон се осврна и на вториот предизвик со кој се соочува Ирак. „Тоа се голем број странски интервенции во внатрешните работи на земјата. Странските интервенции можат да го ослабнат Ирак и неговите интереси,“ рече Макрон.