Muhammed Bilal Kenasari
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Специјалниот претставник на САД во коалициските сили за борбата против ДЕАШ, Брет Мекгурк изјави дека во Рака има околу 2.000 милитанти на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Мекгурк на прес-конференцијата која се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи на САД, зборуваше за операциите кои се спроведуваат против ДЕАШ.
Мекгурк изјави дека според нивни проценки, во моментов има околу 2.000 милитанти на ДЕАШ во Рака. „Милитантите на ДЕАШ кои денеска се наоѓаат во Рака се борат и за подрачјето, но и за самите себеси. Според наши проценки, во моментов во Рака има околу 2.000 милитанти на ДЕАШ”, рече Мекгурк.
Мекгурк истакна дека од 2014 година досега, ДЕАШ во Сирија и во Ирак има загубено територија од околу 70.000 квадратни километри, при што во Ирак загуби 78 отсто, додека во Сирија 58 отсто од територијата која претходно ја контролираше.
Специјалниот претставник на САД, Мекгурк, изјави дека во последните 6 месеци е ослободена територија од околу 20.000 квадратни километри.
- „Ослободени се 45 отсто од Рака” -
Во операциите кои се водат против ДЕАШ, Мекгурк соопшти дека е завршена кампањата за Мосул, додека за Рака го изјави следното: „Во моментов се ослободени 45 отсто од Рака”.
- Околу „промената на името” на ЈПГ не беше даден директен одговор -
Новинарот на АА го потсети Мекгурк на предлогот на командантот на специјалнинте сили на САД, генерал Томас, за потребата од „промена на името” на ЈПГ поради нејзиното поврзување со терористичката организација ПКК која делува во Турција и нејзино понатамошно именување како „Сиријски демократски сили”.
Мекгурк на тоа одговори: „Дали промената на името беше ваша идеја?”, со што прашањето остана неодговорено. Мекгурк наместо да даде директен одговор, зборуваше за периодот на формирање на „Сиријските демократски сили”.