Said İbicioğlu
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
ВИТЛЕЕМ (АА) - На дел од „ѕидот на поделба” во Витлеем исцртани се графити на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
На првиот графит Трамп ја прегрнува израелската стражарска кула со емотиконот во облик на срце, а на другиот може да се види Трамп како вели: „Ќе ти изградам брат”.

Не е познато кој ги исцртал овие графити, но привлекува внимание тоа како се направени па се претпостаува дека е во прашање дело на познат британски уличен уметник Банкси.
Американскиот претседател за време на предизборната кампања вети изградба на ѕид на границата со Мексико со кои ќе се спречеле илегалните работи и дека изградбата ќе ја плати Мексико.
Во четвортокот „Washington Post“ објави транскрипт од телефонскиот разговор на Трамп со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието од 27 јануари кого го уверува да престане да зборува јавно дека на Мексико не му паѓа на ум да ја плати изградбата на ѕидот.
На транскриптот вели: „Погледнете го Израел, Израел има ѕид, а сите ми велеа дека ѕидовите не користат”. Исто така, изјави дека ѕидот го спречува преминот на околу 99 отсто од луѓето.