Zehra Ulucak
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
МЕКСИКО (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а петмина се повредени во експлозија на фабрика за пиротехника во Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите на Мексико наведоа дека во фабриката за пиротехника на подрачјето Сан Лоренцо Октејуча биле оштетени четири до шест згради во склоп на комплексот на фабриката која се занимава со производство и складирање на огномети.
Причината за експлозијата не е наведена. Потврдена е смрт на четири лица. Во Мексико во декември минатата година дојде до експлозија на продавница за огномети во која загинаа 31 лице, а повредени беа повеќе од 70.
Неадекватните безбедносни мерки и лоши инспекции на фабриките и продавниците за огномет се причина за несреќи низ целата земја.