Sinan Uslu
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Со беспилотно летало од Воздухопловната база Инџирлик, уништен е објектот во кој ДАЕШ произведувала експлозиви и во кој се подготвувале автомобил бомбите. Објектот е сместен во селото Дабик во областа Ахтарин во близина на Азез, Алепо. Во нападот убиени се двајца терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од воени извори, вчера, се прецизни разузнавачки информации добиени од персоналот за извидување и надзор кој се наоѓа во северниот дел на Сирија.
Како резултат на тие информации, утврдено е дека припадниците на терористичката организација ДАЕШ, влезниот спрат на еден објект во селото Дабик во областа Ахтарин во близина на Азез, Алепо, го користеле за производство на експлозиви и автомобил-бомби.
Разузнавачките информации веднаш се споделиле со Центарот за коалициски операции и се започнало со подготовките за операцијата. Позицијата на терористичката организација ДАЕШ, со целосна точност е погодена од страна на беспилотно летало од типот MQ-1, кое по одредувањето на координатите и со водење од Центарот за коалициски операции полетало од воздухопловната база Инџирлик, во турскиот град Адана.
- Втора воздушна операција на истата локација -
Со друго вооружено беспилотно летало од типот MQ-1 веднаш после првиот напад, спроведен е втор воздушен напад на истата позиција при што фабриката на ДАЕШ за производство на бомби е уништена.
Од добиените први информации и снимки, утврдено е дека објектот е целосно уништен и дека двајца припадници на ДАЕШ кои во тој момент биле надвор од објектот биле убиени. Исто така, добиена е и информација дека под урнатините на уништениот објект сè уште има голем број затрупани терористи.