Zehra Ulucak
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
МЕКСИКО (АА) - Во судир на воз и камионет животот го загубија 5 лица кои се наоѓале во камионетот, додека 10 се повредени, од кои шест се деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за Цивилна заштита на мексиканската сојузна држава Халиско, преку социјалните мрежи соопшти дека во градот Лагос де Морено се случила сообраќајна несреќа меѓу воз и камионет во која животот го загубиле 5 лица, а 10 се повредени, од кои шест се деца.
Во соопштението не се наведува причината за несреќата, но се предупредуваат возачите на местата каде што се вкрстуваат патиштата со железничките пруги да не се обидуваат да ги преминат премините, а возачите на камионетите да не превезуваат патници во задниот дел од возилото.
Во несреќата камионетот се раздвоил на два дела.