Murat Karadağ
18 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Тим Кук, главниот извршен директор на американската компанија „Apple“, изјави дека новото ажурирање на iOS 11 ќе понуди опција која ќе го спречи намалувањето на перформансите на батериите на iPhone-телефоните.
Кук на телевизијата „ABC News“ изјави дека можноста да се намалат перформансите на батеријата од постарите iPhone-уреди, сега може да биде контролирана од страна на корисниците, а треба да биде објавена следниот месец.
Со новото ажурирање, Кук забележува дека корисниците ќе бидат информирани за тоа дека перформансите на батеријата ќе се намалат за да „спречат ненадејно исклучување“.
„Имате можност да ја исклучите оваа апликација, ако не ви се допаѓа“, истакна тој.
„Apple“ минатиот месец призна дека ги забавувал моделите на iPhone 6, 6S, SE и 7, заради „спречување ненадејно исклучување на батеријата“, кога батеријата е постара или кога полнењето на батеријата се намалува. По дадената изјава, од различни држави на САД беа поднесени колективни и индивидуални случаи против „Apple“, а компанијата им се извини на корисниците.
Новото ажурирање на iOS 11 ќе биде претставено на почетокот на следниот месец, а на корисниците ќе им биде достапно од март.