Ekipa
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел на Меѓународниот ден на жената изјави дека иако многу работи се постигнати, борбата за рамноправност на жените во Германија и во целиот свет мора да продолжи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меркел, за која се смета дека е една од најмоќните жени во светот, денес во видеопорака изјави дека многу жени во минатото се жртвувале и упорно се бореле, за да имаме повеќе права, но оти има уште многу работа.
Канцеларката додаде дека постојат нови задачи и за мажите, но не навлезе во детали.
„Значи, денес не е само ден на кој треба да се осврнеме на тоа што е постигнато, туку и ден кога треба да кажеме дека продолжува борбата за еднакви права на жените“, нагласи Меркел.