Barış Gündoğan
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Гермнаската канцеларка Ангела Меркел ќе престојува во посета на Турција, во понеделник на 8 февруари, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Според информациите од изворот близок до Владата на Турција, Меркел во понеделник доаѓа во работна посета на покана на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Меркел доаѓа во посета на Турција по состанокот со Давутоглу во Лондон, каде договорија продолжување на дијалогот.
Се очекува во текот на посетата ќе стане збор за односите помеѓу Турција и Европската унија, билатералните односи помеѓу двете земји, како и за проблемот со бегалската криза.