Erbil Başay
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, повика на прекин на судирите во регионот Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Заменик-портпаролката на германската Влада, Улрике Демер, во соопштението наведува дека канцеларката Меркел телефонски разговарала со ерменскиот премиер Никола Пашинјан.
Меркел за време на разговорот изразила загриженост поради продолжувањето на судирите и сè поголемиот број жртви.
„Меркел, исто така, нагласи дека сите страни треба веднаш да ги прекинат судирите и да започнат преговори“, рече Демер.
На 27 септември, ерменските сили извршија нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции.
Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот на Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан исто така прогласија воена состојба во 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку. Од 1991 година ерменската Војска илегално го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и од седум други окупирани азербејџански региони.