Rahmi Gündüz
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Незадоволни со условите во кампот, неколку стотина мигранти го блокираа патниот правец во францускиот град Калаис кој води кон заливското пристаниште на тој пограничен град на Ла Манш, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите го блокираа сообраќајот со поставување исечени дрва и други предмети на патот.
Француската полиција тврди дека основен мотив на мигрантите е преку забавување на сообраќајот незабележливо да влезат во приколките на камионите и на тој начин од Франција да преминат на територијата на Велика Британија.
Синоќа на француската граница во Калаис, во еден ладилник, во обид да преминат во Англија спречени се 12 мигранти од Еритреја, а меѓу нив една трудница и осуммина малолетници. Двајца мигранти се превезени во болница бидејќи во ладилникот се здобија со измрзнатини од поголем степен.
Во март овој месец со зајакнати полициски мерки евакуиран срушен беше еден дел од мигрантскиот комплекс во Калаис. Поради лошите услови во „џунглата”, како што неретко се нарекува кампот во Калаис, Франција е на мета на остри критики на организациите за заштита на човековите права.
Моментално во Калаис престојуваат околу 5.000 мигранти од Сирија, Ирак, Еритреја и Авганистан. Нивна цел е низ Евротунелот, со бродови или траекти, од пристаништето преминат во Англија.