Gorana Jakovljevic
20 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
ГРОДНО
Мигрантите кои сакаат да влезат во Европската Унија продолжија да чекаат на границата на Белорусија со Полска откако во четвртокот од импровизираните кампови на отворено преминаа во затворен простор, во центарот што белоруските власти го подготвија во градот Гродно, известува Агенција Анадолија (АА).
На тоа место под покрив и во топло ја минаа ноќта, откако повеќе дена престојуваа на студ.

Од август, Литванија, Латвија и Полска, земји членки на Европската Унија што се граничат со Белорусија, регистрираа драматично зголемување на бројката на нерегуларни преминувања на границата.
Досега оваа година повеќе од 8.000 луѓе се обидоа да влезат во европскиот Блок преку границата на Белорусија со ЕУ, што е значително повеќе во однос на 150 обиди минатата година.

Од Европската Унија тврдат дека Белорусија доаѓа до потенцијалните патници преку наизглед официјален канал, вклучувајќи и дипломатски мисии и туристички агенции, и ги повикува, нудејќи им визи. Потоа наводно ги транспортираат до границата со ЕУ.
Од минатата недела, најмалку 2.000 лица, меѓу кои има и жени и деца, се наоѓаа во белоруско-полското гранично подрачје во тешки услови.
