Abdullah Aşıran
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ДЕН ХАГ (AA) - Меѓународниот кривичен суд (МКСЈ) одобри покренување на истрага за злосторства извршени над араканските муслимани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд одобрил покренување на истрагата поради тврдењата за злосторства и протерување на араканските мсулимани во Бангладеш.
Се наведува дека Мјанмар не е членка на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, но дека Судот во Хаг има надлежност во овој случај, бидејќи Бангладеш е членка на овој суд, а некои од злосторствата за кои се обвинува мјанмарската влада извршени се во оваа соседна земја.
Фату Бенсуда, главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд, на 4 јули 2019 година побара покренување истрага во врска со злосторствата извршени над араканските муслимани во Мјанмар.