Ali Cura
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Кремљ соопшти дека е можна средба на претседателот на Русија, Владимир Путин, со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето од новинарите дали ќе има средба меѓу претседателите на Русија и Северна Кореја одговори:
„Да, навистина е можна една ваква средба. Формата и датумот на средбата ќе бидат одредени по дипломатски патишта“.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, вчера беше во официјална посета на Северна Кореја, по што соопшти дека и двете страни се договориле за активирање на односите меѓу двете земји кои се на високо ниво.