Ekipa
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
БЕРЛИН (AA) - Германското обвинителство поднесе ново барање со кое се бара поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон да биде притворен додека не се изрече пресудата за екстрадиција во Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судот во северна Германија му дозволи на Пуџдемон да излезе на слобода набрзо откако беше притворен на 25 март оваа година по барање на Шпанија.
Обвинителството во Шлесвиг денеска соопшти дека веруваат оти постои ризик од бегство на Пуџдемон во текот на процесот за испорачување во Шпанија. Од обвинителството, исто така, рекоа дека ќе продолжат да вршат притисок Пуџдемон да биде испорачан поради обвиненија за бунт и злоупотреба на парични средства. Обвиненијата произлегуваат од минатогодишниот незаконски референдум за независноста на Каталонија од Шпанија.
Обвинителите тврдат дека обвиненијата имаат еквиваленти во германскиот закон, иако судот во Шлесвиг оспори дека обвинението за бунт е применливо.