Hakan Çopur
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Роберт Мулер, специјалниот обвинител, кој во март ја заврши истрагата за вмешаноста на Русија во изборите во Соединетите Американски Држави (САД) во 2016 година, а досието го затвори минатиот месец, на 17 јули за првпат во Претставничкиот дом ќе одговара на прашањата на пратениците, јавува Anadolu Agency (AA).
Демократот Џеролд Надлер, претседател на Комитетот за правда во Претставничкиот дом, и Адам Шиф, претседател на Комитетот за разузнавање, во заедничката изјава го оценија тоа што Мулер ќе даде исказ во Конгресот.
Наведувајќи дека Мулер ја прифатил поканата „за давање исказ во Конгресот“, Надлер и Шиф рекоа дека на 17 јули, во присуство на двата комитета, поранешниот специјален обвинител ќе одговори на прашања во врска со истрагата за Русија.
- Истрагата траеше 22 месеца -
Специјалниот обвинител Мулер, извештајот за тврдењата дека Трамп и неговиот изборен штаб во изборната кампања во 2016 година имале таен договор со Русија, е доставен до Министерството за правда на 22 март.
Министерот за правда, Вилијам Бар, го информираше Конгресот за главните црти од извештајот и рече дека во него нема наоди со кои се докажува дека Трамп бил во тајна соработка со Русија.
Трамп, осврнувајќи се на резултатите од извештајот, тврдеше дека е докажано дека е невин, но од друга страна демократите тврдеа дека Трамп „се обидува да ја спречи правдата“.
Роберт Мулер на 29 мај пред медиумите објави дека досието за истрагата во врска со Русија е официјално затворено.