Umar Farooq
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претставникот на Обединетите нации во Турција, Феридун Синирлиоглу, соопшти дека Турција ќе донира 10 милиони долари за Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (UNRWA), јавува Anadolu Agency (AA).
Тој ја коментираше работата на Организацијата.
Основана во 1949 година, УНРВА обезбедува помош за палестинските бегалци во Појасот Газа, окупираниот Западен Брег, Јордан, Либан и Сирија.
На конференцијата во седиштето на ОН, говорејќи за посветеноста кон помошта, Синирлиоглу рече дека 2018 година била „извонредно предизвикувачка година“ за УНРВА.
„Но истовремено, беше обезбедена значителна мобилизација и поддршка за нејзиниот опстанок“, вели тој.
Турција, исто така ќе обезбеди 1 милион долари за вакафскиот фонд на Организацијата за исламска соработка, кој претходно оваа година беше одобрен од ОН откако САД го прекинаа финансирањето на УНРВА, значително намалувајќи ги нејзините ресури.
Пред овој потег на САД, Вашингтон беше најголемиот донатор на УНРВА, обезбедувајќи ја со 350 милиони долари на годишно ниво, што е еднакво на околу една четвртина од годишниот буџет на Агенцијата.
УНРВА е одговорна за голем број важни програми за над 5 милиони Палестинци, кои ги обезбедува со школување, здравствени услуги и храна.
Агенцијата се соочуваше со финансиски проблеми дури и пред ваквиот потег на САД со кој се прекина финансирањето.
Минатиот јули, портпаролот на УНРВА, објави дека Агенцијата нема да ги обнови договорите на повеќе од 100 вработени во Газа, и дека ќе ги раскине договорите на десетици свои инженери.
Според Синдикатот на вработените на УНРВА, намалувањето на средствата ја принуди Агенцијата да ја затвори својата програма за ментално здравје, која обезбеди директни услуги за палестинските бегалци во Газа и вработи околу 430 луѓе.
Според Синирлиоглу, средствата што доаѓаат од Турција ќе се користат делумно за проектите за обнова.
„Јасно е дека улогата на УНРВА е од витално значење додека не се постигне правично и трајно решение во согласност со резолуциите на ОН“, рече тој.
„Во прашање се правата и достоинството на палестинските бегалци и регионалната стабилност.“