Hakan Çopur
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Румана Ахмед, муслиманка со хиџаб, по потекло од Бангладеш, која од 2011 година работеше во Белата куќа на различни позиции, даде отказ по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез за мигрантите од седум муслимански земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмед во голем текст објавен во списанието „Атлантик“ ги опиша највпечатливите искуства што ги доживеала во Белата куќа, но и самата причина поради којашто дала отказ.
„Откако Трамп донесе одлука за забрана на влез за мигрантите од седум муслимански земји, знаев дека веќе нема да можам да работам за администрација што мене и луѓето како мене ги гледа како закана“, напиша Ахмед додавајќи дека на 28. јануари го напуштила работното место во Белата куќа.
Таа додаде дека нејзиното семејство во 1978 година се преселило исто така во САД, напоменувајќи дека марамата на глава ја носи од својата 12-та година.
Според нејзиното мислење, САД е земја на доселеници, а ја обвинува новата администрација поради контроверзните одлуки што предизвикаа жестоки дискусии.
Ахмед од 2011 година беше ангажирана на различни позиции во Белата куќа, во 2014 година ја презела должноста во Одборот за национална безбедност, а во претходната администрација играла значајна улога во областа јакнење на односте со заедницата на американските муслимани.
Таа во текстот напиша дека атмосферата во Белата куќа за време на мандатот на Барак Обама била многу попријатна и поубава.
„Атмосферата во Белата куќа е како по нападот на 11 септември. А најлошо од сѐ е тоа што Американците што донесуваат одлуки го шират овој страв и омраза“, напиша Ахмед.