Mahmut Geldi
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
ТРИПОЛИ (АА) – Делегација на турската хуманитарна организација ИХХ (IHH) го посети затворот Ал-Хадба, во главниот град на Либија, Триполи, каде што се затворени синот на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи, Ес-Саади Гадафи и поранешниот шеф на разузнавањето Абдула-ес Сенуси, како и поранешниот премиер Ал Багдади ал -Махмуди, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетата на затворот е остварена со дозвола од либискиот јавен обвинител, а делегацијата пренесува дека е остварена средба со Гадафи, Сенуси и со Махмуди и дека ги прашале за нивната ситуација. Тие пренеле дека не ги измачуваат во затворот, но се пожалиле дека доцнат судските процеси.
Претставниците на делегацијата кои се занимаваат и со човековите права и слободи велат дека ќе подготват детален извештај во врска со затворениците.
„Целта на нашата посета не е да влијаеме на судскиот процес што е во тек. Оваа посета ја остваривме со дозвола од обвинителот, во согласност со законите на државата, со цел да помогнеме во делот на хуманитарните активности, подобрувањето на условите за живеење во затворот, како и во делот на здравствените проблеми“, велат тие.
Кратко пред соборувањето на Муамер Гадафи во септември 2011 година, неговиот син Сади пребега во Нигер. Владата на Нигер пак, и покрај повиците од раководството на Либија, по револуцијата му даде азил на Сади ’поради хумани причини’ и изјави дека нема да го предаде на Либија. Меѓутоа, Либија побара негово приведување преку Меѓународната полициска организација Интерпол, по што, по нивна наредба Нигер го предаде во 2014 година.
Апелациониот суд во Триполи на 28. Јули 2015 година донесе одлука за погубување на синот на Гадафи, Сејфулислам, поранешниот премиер Махмуди и поранешниот шеф на разузнавачката служба, Сенуси.
На обвинетите им се судеше поради „употреба на насилство, задушување на демонстрациите и убивање на демонстрантите, окупирање на селата и градовите, како и оштетување на јавниот имот“, за време на народниот бунт на 17. февруари 2011 година.