Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Воен авион со над 100 лица исчезна од радарот во Мјанмар, пренесува Anadolu Agency (AA).
BBC (Би би си) јавува дека авион на мјанмарската војска исчезнал во текот на летот од Јангун кон градот Мјеик, на југот од земјата.
„Авионот од радарот исчезна денес околу 30 километри западно од градот Давеи“, се наведува во соопштението на мјанмарската војска.
Во тек е потрагата по авионот во кој се наоѓаат над 100 лица.