Meltem Bulur
07 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Република Турција најостро ги осуди терористичките напади коишто утринава се случија во центарот на Техеран, еден пред турбето на поранешниот верски водач, ајатолахот Хомеини, а другиот во зградата на иранскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Турција упати порака на сочувство до владата и народот на пријателскиот Иран и нападите ги оцени како варварски чин.
Иранските државни медиуми објавија дека четворица напаѓачи утринава влегле во зградата на парламентот и извршиле оружен напад, и дека иранските безбедносни сили спроведуваат акција на неутрализирање на напаѓачите.
Паралелно со тоа, вториот напад се случи пред турбето на поранешниот ирански верски лидер, ајатолахот Хомеини, а иранските државни медиуми јавуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
Досега е потврдено дека најмалку седум лица се убиени во нападот во зградата на парламентот, а пак во нападот кај турбето на Хомеини се повредени повеќе лица.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.