Şerife Çetin
07 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел се приведени 12 лица кои се поврзуваат со нападите врз аеродромот и метро-станицата во градот, изведени на 22 март 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на Федералното судство објави соопштение во кое се вели дека во рамките на истрагата за терористичкиот напад кој се случи минатата година, полициските екипи извеле операции на 14 различни адреси, при што се приведени 12 лица.
Во соопштението се наведува дека откако ќе им биде земена изјава на приведените, ќе биде донесена одлука дали приведените ќе бидат притворени или ќе бидат ослободени.
Минатата година беа изведени терористички напади врз аеродромот Завентем и врз метро-станицата Малбек во Брисел. Во овие терористички напади животот го загубија 34 лица, а во март годинава беше организирана комеморација, ка која меѓу другите, учествуваше и кралот на Белгија, Филип и премиерот Шарл Мишел.
Нивото на безбедност во Белгија сѐ уште се наоѓа на високо ниво.