Mahmut Geldi,Halime Afra Aksoy
26 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Основачот и поранешен претседател на Светската унија на исламски научници, Јусуф ал Карадави, почина на 96-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Светската унија на муслимански научници преку соопштение објави дека починал египетскиот научник и поранешен челник на Светската унија на исламски научници Ал Карадави.
„Почина Јусуф ал-Карадави, основачот на Светската унија на исламски научници, кој го посвети својот живот на објаснување на упатствата на исламот“, се наведува во соопштението.
Јусуф ал-Карадави е роден во септември 1926 година во Египет. Универзитетското образование го завршува на Ал-Азхар.
На чело на Светската унија на исламски научници беше од нејзиното основање во 2004 година, до 2018 година.
Ал Карадави со години живееше во Катар.