Emre Gürkan Abay
13 Мај 2022•Ажурирај: 14 Мај 2022
МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин на вонредниот состанок разговараше за процесот на пристапување на Финска и Шведска во НАТО и војната во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во писмено соопштение истакна дека Советот за безбедност на Русија итно се состанал под претседателство на Путин.
Песков наведе дека на состанокот учесниците разговарале за тековната „специјална воена операција“ во Украина.
Истакнувајќи дека на состанокот се разговарало и за процесите на пристапување на Финска и Шведска во НАТО, Песков рече дека „се разговарало за одлуката на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО и можните закани за безбедноста на Русија како резултат на тоа“.
Песков во изјавата дадена вчера рече дека приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО е закана за Русија.
Руското Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека доколку Финска се приклучи на НАТО, ќе мора да преземат одмазднички чекори, и воени и други, за да ги запрат заканите за националната безбедност на Русија.