Sinan Doğan
26 Јуни 2022•Ажурирај: 27 Јуни 2022
БОГОТА (АА) - Седум безживотни тела се пронајдени на фарма во источната мексиканска држава Јукатан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на мексиканските медиуми, телата биле пронајдени на фарма во градот Чикинџонот.
Надлежните лица утврдиле дека седумте пронајдени лица биле застрелани со куршуми во главата.
Од Обвинителството е соопштено дека за случајот е започната истрага.
Вакви крвави случаи често се случуваат во Мексико, особено поради судирите и пресметките меѓу криминалните групи.