Sayed Khodaberdi Sadat
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
КАБУЛ
Сахи Субхани, управител на околијата Акџа во авганистанската провинција Џузан, изјави дека талибанските милитанти извршиле напад врз тврдината Балахисар во центарот на Акча, јавува Anadolu Agency (AA).
Субхани информираше дека во нападот животот го загубиле 20 припадници на безбедносните сили и еден цивил, а петмина полицајци се ранети.
- Талибанците заробија 5 припадници на безбедносните сили
Субхани соопшти дека по нападот тврдината се наоѓа под контрола на Талибанците, додавајќи дека милитантите заробиле 5 припадници на безбедносните сили.
Во соопштението што го објави талибанската страна се тврди дека во нападот се убиени 27 војници.