Ömer Faruk Yıldız
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
КУАЛА ЛУМПУР
ужниот дел на Филипини го потресе земјотрес со интензитет од 6,6 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниот институт за вулкани и земјотреси на Филипини објави дека денеска, во јужниот дел на земјата, на подрачјето на градот Давао на островот Минданао се случил земјотрес со интензитет од 6,6 степени.
По земјотресот, населението кое живее во зградите, од безбедносни причини истрчало на улиците.
Епицентарот на земјотресот се случил во подрачјето Кисанте, 100 километри јужно од градот Давао, на длабочина од 50 километри.
Во земјотресот нема жртви, а не е дадено ниту предупредување за можно цунами.
На подрачјето на градот Давао земјотресите се честа појава. Пред две недели Давао го потресе земјотрес со интензитет од 6,4 степени.