Ömer Aydın
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
СТРAЗБУР (АА) - Извшен е упад во канцелариите на компанијата Google во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Француските експерти за финансии и полицијата извршиле упад во канцелариите на Google во францускиот главен град, под сомнение дека затајува данок.
Францускиот весник "Le Parisien", повикувајќи се на безбедносни извори, во својот напис истакнува дека упадот бил спроведен под високи безбедносни мерки. Во операцијата која започнала во утринските часови учествувале околу стотина финансиски експерти, полицајци и специјално овластени службени лица.
Се дознава дека операцијата била спроведена по поднесена пријава за можно затајување на данок од страна на Google и била спроведена под високи безбедносни мерки.
Со цел да се заштити тајноста на операцијата пред извршување на упадот, се вели дека министерството за финансии на Франција не го користела системот за внатрешна комуникација.
Во медиумите протече информација дека Google во месец февруари имал акумулирано даночен долг од 1,6 милијарди долари и дека министерството за финансии на Франција започнало со организирање на операција за негово собирање. Одговорните од министерстовто за финасии не дадоа одговор на овие наводи поради правилото за доверливост.