Bayram Altuğ
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
ЖЕНЕВА
Најмалку 24 лица загинаа по потонувањето на гумениот чамец во Средоземното море кај Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорничката на Меѓународната организација за миграции (IOM) Сафа Мсехли изјави во Женева дека либиската крајбрежна стража пронашла три гумени чамци со непријавени мигранти, а дека еден од тие чамци потонал со патниците.
„Крајбрежната стража ги извлече телата на двете загинати лица, а уште најмалку 22 лица загинаа", рече Мсехли.
Таа додаде дека либиската крајбежна стража на брегот на таа земја вратила 45 мигранти од преостанатите два чамци.
Либија е една од главните рути по која мигрантите од Африка се обидуваат да дојдат до европските брегови.