Sinan Doğan
25 Февруари 2023•Ажурирај: 27 Февруари 2023
БОГОТА (АА) - Најмалку 54 лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја зафатија бразилската држава Саун Пауло, известува Анадолу.
Гувернерот на Саун Пауло, Тарсисио Гомес де Фреитас, соопшти дека поради поројните врнежи од дожд оваа недела поплави се регистрирани во провинциите Убатуба, Саун Себастијан, Илхабела, Карагуататуба и Бертиога.
Фреитас наведе дека 54 луѓе ги загубија животите во поплавите и свлечиштата од 18 февруари, а неколку илјади луѓе се евакуирани од поплавените населби.
Во акција за претрага и спасување учествуваше и бразилската војска со хеликоптери, а 7 авиони транспортираа хуманитарна помош за загрозените во поплавените подрачја.
Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, го посети поплавеното подрачје.
„Тука сме во знак на солидарност и да помогнеме. Ќе ги побараме исчезнатите и ќе ја обновиме инфраструктурата, енергетските и телекомуникациските линии во регионот“, порача Да Силва на Твитер.