Zehra Nur Düz
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 70 лица загинаа, а 59 лица се повредени во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од поројните врнежи од дожд во источната индонезиска покраина Папуа во Индонезија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Големите поплави во градот Сентани, во близина на главниот град на покраината Џајапура, беа предизвикани од вчерашните поројни дождови и последователните лизгања на земјиштето, соопшти портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи (BNDP), Сутопо Пурво Нугрохо.
Според воените претставници во покраината Папуа, 63 лица загинале во градот Сентани, додека 7 во регионот Ампера. Порпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи истакна дека повредените луѓе се пренесени во болница во Џајапура.
„Во тек е операцијата за потрага и спасување со цел пронаоѓање на исчезнатите“, додаде тој.
„Бројот на загинати се очекува да се зголеми, бидејќи спасувачките служби сѐ уште не се стигнати во многу подрачја зафатени од поплавите“, рече Нугуро.
Во јануари минатата година 68 лица ги загубија животите во свлечишта и поплави на островот Сулавеси, предизвикани од поројните врнежи од дожд.
Свлечиштата и поплавите се чести во Индонезија, особено за време на сезоната на монсуни помеѓу октомври и април.