Mohamed Sabry Emam Muhammed
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
САЛАДИН (АА) - Најмалку девет лица загинаа, а околу 25 беа повредени во два самоубиствени бомбашки напади во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Бомбаш-самоубиец го активира експлозивот во возило на контролен пункт во Тикрит, при што загинаа седум лица, а најмалку 15 се повредени, потврди за АА официјален претставник на полицијата Ијад ал-Самараи.
Другиот самоубиствен напад се случи во светиот шиитски град Самара.
„Во нападот загина Иранец, а 10 лица беа повредени", рече Ал-Самараи.
Бранот бомбашки напади во Ирак продолжува веќе втора недела. Ирачките безбедносни претставници велат дека бомбашките напади се очајнички обид на ДЕАШ да го забави напредокот на ирачките сили кои стигнаа до градот Мосул, каде што се водат улични борби.