Ekip
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
МАДРИД (AA) – Министерството за внатрешни работи на Шпанија соопшти дека француската полиција го уапси лидерот на баскијската милитантна група ЕТА, јавувa Anadolu Agency (AA).
Шпанските власти велат дека Микел Ирасторза моментално е првиот човек на „ЕТА". Се додава дека во сабота наутро е уапсен во францускиот град Аскаин во близина на границата со Шпанија.
ЕТА 2011 година објави дека се откажува од употребата на насилство во својата борба за стекнување на независноста на Баскија, подрачјето во северна Шпанија и југозападна Франција. Милитантната група, која се обвинува а повеќе од 800 смртни случаи од првото убиство 1968 година, не е распуштена.
Француската полиција најави дека ќе продолжи истрага за ЕТА и не ја исклучи можноста од уште апсења.