Mustafa Deveci
21 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
КУДС (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети воспоставување авионска линија од Тел Авив кон Мека доколку биде реизбран на изборите што ќе се одржат на 23 март, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нетанјаху за израелската телевизија „Канал 13“ , во пресрет на изборите, им вети на Палестинците дека ќе помогне да се воспостави авионска линија од Тел Авив до Мека.
„Доколку бидам повторно избран ќе воспоставам директни летови од Тел Авив до Мека.“
Со оваа изјава Нетанјаху исто така порача дека ако повторно стане премиер, односите меѓу Израел и Саудиска Арабија ќе се нормализираат.
Нетанјаху на 16 март изјави дека Израел ќе ги нормализира односите со уште четири земји.
Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во написот објавен во „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal) на 15 март наведе дека Саудиска Арабија, Катар, Оман и Мавританија се блиску до постигнување договор за нормализирање на односите со Израел.